МакедонијаНајново

15-годишник избоде врсник во училиште во Скопје, ученикот итно пренесен на операција

15-годишник е лишен од слобода откако со остар предмет избодел врсник во основно училиште во училиштето „25 Мај“ во скопската населба Ченто во Гази Баба. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба“, информира полицијата.

Пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. 

„Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Повреденото дете е пренесено во болница, каде му е извршен оперативен зафат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons