Уапсен српски државјанин во Скопје осомничен дека бил дојден да изврши ликвидација
42-годишниот српски државјанин С. М. бил лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР.
Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал оружје и специфична тактичка опрема.
Според соопштението на српското МВР, при претрес на стан и други простории што ги користел осомничениот во Скопје, биле пронајдени лична карта на друго лице издадена од Србија, црна тактичка униформа, воен нож, пиштол „CZ“, муниција и мала количина марихуана.
Оперативните сознанија укажуваат дека 42-годишникот е член на организирана криминална група и дека во Скопје бил испратен со конкретна задача – да изврши ликвидација.
Во моментов истражните органи работат на идентификување на потенцијалната цел, како и на лицата кои му пружиле логистичка поддршка на осомничениот за време на неговиот престој во Македонија.



