МагазинНајново

Времето денеска сончево и топло со температури до 28 степени 

Најниска температура од 0 степени Целзиусови утрово во 7 часот е измерена во Берово, додека најтопло со 8 степени беше во Виница и Крушево.

Според податоците на УХМР, во останатите градови се измерени: 2 степени во Битола, 3 во Маврови Анови, Тетово и Струмица, додека 4 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Велес. Пет степени се измерени во Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип и Куманово, а 6 степени во Кавадарци, Гевгелија и Скопје-Зајчев Рид.

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со појава на умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и температура до 27 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons