Свет

Непознат напаѓач уби четири лица во болница во Оклахома (ВИДЕО) 

Најмалку три лица се убиени вчера во престрелка во болница во Тулса, Оклахома соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов. „Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот”, во престрелката во болницата Свети Франциско, објави локалната полиција на Твитер.

Таа претходно извести дека „во текот на попладневните часови“ интервенирала откако „маж со пушка“ влегол во болницата. „Полицијата во моментов ги проверува сите простории во зградата за да се елиминира евентуална закана“, се вели во соопштението, во кое се додава дека „неколку лица се повредени“.

Напаѓачот се самоуби, изјави градскиот советник Џејм Фаулер за локалната телевизија. „Тројца невини минувачи ги загубија животите“, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons