Стефан Ристовски одговори на провокациите од претседателот на Славија Софија (ФОТО) 

Капитенот на „црвено-жолтите”, Стефан Ристовски со урнебесна порака одговори на провокациите од Венцислав Стефанов, кој имаше прилично навредлива и потценувашка изјава за Македонија.

Македонија попладнево гостува во Разград на стартот од новата сезона во Лигата на нации, дуелот дополнително е во фокусот поради затетнатите односи помеѓу двете држави.

Првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов синоќа излезе со прилично навредлива и потценувашка изјава за Македонија и рече: „Која е бре таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри“.

Одговор утрово стигна од Стефан Ристовки, кој поради повреда ќе го пропушти натпреварот. Капитенот на „црвено-жолтите“ имаше урнебесна порака на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons