МакедонијаНајново

Нова авионска линија од Скопје до Измир 

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре до крајот на октомври, а линиите ќе ги опслужуваат две авиокомпании.

– Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој досега немаше директна авиоврска. Измир е атрактивна дестиција за македонските граѓани, како од аспект на туристички патувања, така и од бизнис-аспект, со оглед на тоа што е третиот најголем град во Турција каде е сместено најважното извозно пристаниште и каде што се одржуваат бројни саеми. Сигурни сме дека оваа линија ќе придонесе и за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави. Со ваквиот потенцијал, се надеваме дека во иднина може да стане и редовна авиолинија во текот на целата година – изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија очекуваат зголемен авиосообраќај во престојната летна сезона и на двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје, од каде што во моментов се лета до 43 дестинации и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, од каде што моментално има летови до 13 дестинации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons