МакедонијаНајново

Евакуација на ученици и вработени – Дојава за бомба во основно училиште во Македонија

Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна.

Веднаш по добивањето на информацијата, учениците и вработените биле евакуирани од објектот според утврдените безбедносни протоколи.

– Заканата била испратена преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Штип. Службени лица на МВР веднаш излегле на терен и извршиле детален антитерористички преглед на училишната зграда, известија од МВР. 

Истрагата е во тек за да се открие изворот на лажната дојава, а во училиштето се постапува согласно предвидените процедури за вакви ситуации, соопштија од полицијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons