Од Македонија наскоро ќе се лета и до Саудиска Арабија
Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море, вели министерот Николоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт иизјави дека се започнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување на воздушен сообраќај меѓу двете земји што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија.
Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат. Она што сум горд е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро- Сардинија и Палермо-Сицилија. Она што ми е драго е што двата аеродорми, охридскиот и скопскиот поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија е 1,8 милиони, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на население што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб и Сараево и Белград се поголеми како градови од Скопје што е додадена вредност”, изјави вицепремиерот Николоски. објави Скопје1.мк
мите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат. Она што сум горд е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро- Сардинија и Палермо-Сицилија. Она што ми е драго е што двата аеродорми, охридскиот и скопскиот поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија е 1,8 милиони, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на население што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб и Сараево и Белград се поголеми како градови од Скопје што е додадена вредност”, објави вицепремиерот Николоски.



