Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот на кој дебитираше пред две децении
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот Индијан Велс, откако го потврди своето враќање на еден од најпрестижните турнири надвор од Гренд слем сцената.
Организаторите објавија дека Ѓоковиќ повторно ќе биде дел од „тенискиот рај“, турнир што го има освоено пет пати. Србинот го дели рекордот со Роџер Федерер по бројот на освоени трофеи.
По настапот на Австралија Опен, Србинот реши да ја прескокне Доха и да се фокусира на американската турнеја. Иако има 39 години, Ѓоковиќ и натаму е конкурентен на највисоко ниво, но ќе се соочи со силна конкуренција предводена од младите таленти Карлос Алкараз и Јаник Синер.
Минатата сезона беше елиминиран уште во првото коло од Ботик ван де Зандшулп, па годинава ќе има дополнителен мотив за подобар резултат.



