Шокантни информации: Човечки мозоци од Македонија користени за истражувањата на Епштајн во САД
Во јавноста протекоа вознемирувачки информации од електронската преписка поврзана со починатиот американски милионер Џефри Епштајн, во кои се споменува Македонија. Според овие наводи, човечки мозоци од починати лица од земјава наводно биле длабоко замрзнувани и транспортирани во САД за потребите на истражувачки центри.
Мејловите откриваат логистички детали за таканаречената криопрезервација, односно длабоко замрзнување на мозоците и нивно пренесување во специјализирани американски лаборатории. Информацијата дека дел од примероците потекнуваат токму од Македонија предизвика сериозни реакции и отвори низа прашања за легалноста и етиката на овие наводни активности.
Епштајн, кој беше осуден за сексуални деликати, со години финансираше научници и институции фокусирани на невронауката и генетиката. Претходните истраги веќе укажаа на неговата опсесија со истражувања за долговечност и експерименти со човечката свест, во кои сега се инволвира и името на државава.



