На пругата пред Велес се запалила локомотива и жалезничкиот сообраќај е во прекин 

Денеска (14 мај, недела) во Центарот за управување со кризи (ЦУК) од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати. 

Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај. Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а жалезничкиот сообраќај е во прекин. Според известувањето до МЖ, за околу половина час би требало да се заврши со увидот, по што би се регулирал сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons