Манасиевски: Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски
Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски.
Политичката заробеност на ССМ, од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски како и ССМ како синдикат не им е грижа за работниците, се докажува по тоа дека одбиле 40% зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка, над 10.000 денари за само две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДС.
Доколку овој предлог односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ било прифатено од гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски и ССМ предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година. Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година, поради тоа што моменталниот е нејасно напишан и различно е толкуван, а згора на се и е истечен.
Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, од страна на СДС, тие одлучија да шуруваат со нив, сакајќи на овој начин да и наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова наштетуваат на работниците, оние на коишто тие велат дека им мислат добро.
Поддршката од СДС и Левица за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава се од себе за зголемување на платите и на пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



