Магазин

Како телото ни испраќа сигнали дека не пиеме доволно вода?

Нашето тело е составено од околу 60% вода.

Таа е потребна за дишењето, варењето на храната, соодветно функционирање на зглобовите, ослободување од токсините, комуникација, когнитивни функции и секоја телесна функција. Кога нашето тело нема доволно вода, се соочуваме со дехидратација.

Без оглед на тоа дали сме свесни за тоа или не, губењето вода се случува постојано, преку потта, солзите, мокрењето, а дури и помалку преку самото дишење и зборување. Дехидратацијата го смалува крвотокот и кислородот во мозокот, што понатаму придонесува воспаленија во телото. Тоа понатаму може да донесе главоболки, нарушено расположение, мала енергија и замор и намален фокус. Дополнително, експертите посочуваат дека грчевите во мускулите и болките во зглобовите се уште еден знак дека не пиеме доволно вода. Освен тоа, се посочуваат и сувата уста и кожа, зголеменото чувство на жед и темната урина.

Затоа, клучно е да ги препознаете ваквите симптоми и да осигурате дека пиете доволно вода особено во текот на летните денови. На пример, ако почувствувате главоболка или грчење на мускулите во текот на денот, запрашајте се колку пиете вода и обидете се да направите нешто во однос на тоа. 

Иако нутриционистите често препорачуваат 2 л вода во текот на денот, сепак тоа зависи од индивидуалните навики, местото на живеење и навиките. Имајте на ум дека постојано околу себе треба да имате шише свежа вода, но и дека хидратацијата е мона и преку овошјето и зеленчукот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons