ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

Европската унија ќе купува вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром.

– По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети – изјави координаторот.

Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.

Бергстром изјави дека ЕУ се уште нема потпишано договор со ниту една компанија.

– Но, ќе го направиме тоа наскоро.Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни – рече тој. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons