Ѓорческа ќе настапи на квалификациите за Австралија опен
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа повторно ќе игра во квалификациите за првиот грен-слем турнир наредната година, Австралија опен.
Македонската тенисерка е на листата со учеснички во квалификациите, а наскоро ќе ја дознае и својата прва противничка.
Најголем успех на Ѓорческа е третото квалификациско коло на Австралија опен, целта на Македонката е да се обезбеди учество на главниот турнир.




