Ќе има отворени линии за пријавување на корупција, најави Мицкоски
Ќе има отворени линии на кои граѓаните ќе може со загарантирана дискреција да пријавуваат корупција. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, како проект на Владата и Министерството за внатрешни работи.
„Работиме на МВР за отворени линиии и гарантирана дискреција за да можеме да направиме чекор понапред, да секој кој пријавил, успешно да се заврши акцијата, за да нема случаи, почнувајќи од оној врховен судија, па до последниот случај со директорот во платежната агенција. Имаме огромен број луѓе кои чесно си ја вршат работата, но имаме малкумина кои го конатаминираат тоа, заедно со мешетари околу здравството кои децении го цицаат здравството“, посочи Мицкоски.
За реформските закони за кои има потреба од бадентерово мнозинство, вели дека не гледа причина зошто пратениците од малцинствата и воопшто сите пратеници да не го прифатат законот.



