МакедонијаНајново

Во Србија оддадена почит на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка Коса крај Пожаревац почит на 1.295 загинати Македонци во Првата светска војна, припадници на Вардарскиот баталјон.По комеморативниот собир, Македонците изразија благодарност до месната заедница Костолац за одржувањето на поменот за загинатите Македонци од Вардарскиот батаљон во Првата светска војна во битката кај месноста Костолачка Коса.

-И годинава на 15 ноември во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград ја одржуваме традиционалната коменморација во Костолачка Коса со помен за вечен спомен на 1.295 загинати од 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон кој учествуваше во војската на кралството Србија во првата светска војна…полагаме цвеќе полагаме и во с.Петка каде младите војници од Македонија од тој баталјон престојувале една година…. Македонската заедница во Србија побара претседателот и владата на Србија да издадат потребни дозволи за изградба на споменик во Косотолаачка Коса и во село Петка за вечен помен и спомен на Македонците во Првата светска војна, нагласи Лидија Демниева претсетдаел на македонското здружение Кочо Рацин од Белград.

На настанот беше прочитано и писмо упатено од Светскиот македонски конгрес.

-Настаните од 1915 година трајно се врежани во моријата на жителите на Стар Костолац, Петка и Нови Костолац и на Македонците во Србија.Македонците во светот заедно со вас се и во ова чествување на Вардарскиот баталјон во војската на Србија во Првата светска вијна. И со денешнава комеморација, иницијативата на македонскиот сенатор Гојко Илиевски и на Македонската заедница во Пожаревац таа вистина се потврдува. Првата светска војна како и Балканските војни оставија длабоки траги во македонското национално ткиво, наведе во поздравната телеграма претседателот на Светскиот макеоднски конгрес, Тодор Петров.

Вадрадрскиот батајлон со вкупно 1.300 Македонци бил формиран во Кралството Србија со мобилизација во тогашна Јужна Србија. Во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во состав на српската војска, загинале 1295 од нив.Вардарскиот баталјон имал вкупно 1300 борци од Тетовско, Гостиварско, Кумановско, Поречието, Кривопаланечкиот и Кратовскиот регион.

Во одбрана Смедерево, Гроцка и Белград загинале 473, 627 од Македонците во тој баталјон загинале на Костолачка Коса. Од тој баталјон само петмина македонски војници ја преживеале Првата светска војна. Останатите загинале при заштитата на српската војска која се повлекувала кон Пеќ и Албанија.

Пред неколку години поднесено е барање од македонското здружение во Белград, „Кочо Рацин“ да се подигне споменик во с. Петка за Македонците – борци за Кралството Србија загинати за време на Првата светска војна.Барањето било поддржано и од Светскиот македонски конгрес и од нив исто така упатено на адреси кај властите во Србија. 
На одбележувањето на кое беше одржано историско потсетување за тие храбри Македонци, свежо цвеќе положија и Македонци од Србија, од македонската амбасада во Белград и од македонската политичка партија Левица. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons