МакедонијаНајново

Изборите во четирите општини каде немаше цензус зависат дали ДИК ќе има мандат да ги спроведе

Иако во законот има формулација во која се вели дека мандатот на членовите на ДИК трае пет години, но и се вели до избор на новиот состав. Се надевам дека ќе најдеме начин. За да се избере нов состав на ДИК треба десет дена претходно да се објави оглас. Не знам колку ќе биде добро додека траат изборниот процес да огласиме нов огалс за избор на нов состав на ДИК, вели Гаши

Пред да ги распише изборите за четирите општини каде немаше цензус за избор на градоначалник претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се консултира со Државната изборна комисија (ДИК), бидејќи оддржувањето на локалните избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Центар Жупа и  Желино се поклопува со истекот на мандатот на актуелниот состав на ДИК.

-Има две нејаснотии, прво денеска ќе се обратиме до ДИК за да утврдиме што значи според нив, конечни резултати. Дали за конечни го сметаат извештајот што го доставија по првиот изборен круг, каде констатираат дека во четири општини немаше цензус за избор на градоначалник или сметаат по вториот изборен круг, кога ќе завршат сите приговори и кога ќе ги објават конечните резултати. Според тоа, ние ќе се водиме од тој датум- рече Гаши.

Тој вели дека има и друга ситуација, односно дека на актуелниот состав на Државната изборна комисија мандатот ѝ истекува на 15 јануари.

-Значи веќе сме во некој временски теснец. Јас ги повикав претседателот на ДИК и нивна делегација да дојдат во Собранието и се надевам дека деновиве ќе се сретнеме зашто сакам со нив да видиме како ќе го решиме тоа. Иако во законот има формулација во која се вели дека мандатот на членовите на ДИК трае пет години, но и се вели до избор на новиот состав. Се надевам дека ќе најдеме начин. За да се избере нов состав на ДИК треба десет дена претходно да се објави оглас. Не знам колку ќе биде добро додека траат изборниот процес да огласиме нов огалс за избор на нов состав на ДИК. Се надевам дека ќе најдеме решение во согласност со законот – вели Гаши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons