На колку степени треба да ја поставите климата за домот да ви биде топол, а сметките пониски
Климатизацијата стана најчесто решение во домаќинствата, особено кога централното греење ќе киксне. Сепак, со зголемувањето на цените на електричната енергија, клучното прашање е – на која температура клима-уредот троши најмалку електрична енергија, а домот останува пријатно топол?
Според експертите, оптималната температура за греење со клима-уред е околу 25°Ц.
Иако многу луѓе мислат дека клима-уредот побрзо ќе го загрее просторот ако е поставен на повисока температура, тоа не е вистина – уредот потоа подолго време работи со полна сила и троши повеќе електрична енергија.
Како клима-уредот троши енергија?
Современите инвертер-клими автоматски ја приспособуваат својата моќност. Кога просторот само што ќе почне да се загрева, уредот работи максимално, но штом ќе ја достигне посакуваната температура, моќноста се намалува и потрошувачката на енергија опаѓа.
Пример за потрошувачка:
Додека го загрева просторот: клима уред од 3,5 киловати троши околу 1,2 киловати на час.
Кога ја одржува температурата: потрошувачката паѓа на само 350 вати на час.
За разлика од нив, класичните клими постојано работат со полна сила, што значително ги зголемува месечните трошоци.
Совети за помалку трошење:
Поставете ја температурата на 25°Ц – оптимално за рамнотежа помеѓу удобноста и потрошувачката.
Редовно чистете ги филтрите и проверувајте го уредот.
Користете природна вентилација – отворете ги прозорците кога надвор е потопло.
Не ја исклучувајте климата кога излегувате од дома. Евентуално намалете ја температурата за 1–2 °Ц. Уредот ја одржува температурата со многу мала потрошувачка, а мора да работи со полн капацитет подолго време за да ја врати топлината.
Експертите велат дека со правилно користење на клима-уредот, можете да заштедите до 30% електрична енергија во текот на грејната сезона.
Значи, наместо да „претерувате“ со температурата, паметно нагодете го клима-уредот – и вашата сметка за струја ќе биде значително помала, а вашиот дом ќе биде пријатно топол.