Поскапување во јули? Сметките за струја ќе се пресметуваат по нов модел
Од 1 јули се најавува нов тарифен модел за цената на струјата. Тие што ќе трошат повеќе, да плаќаат повисока цена, најавуваат надлежните.
Се размислува за воведување на три или четири тарифни блокови по примерот на соседните земји.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во емисијата „24 Отворено“ истакна дека ваква сериозна тарифна реформа сме немале досега.
Основите на постоечкиот тарифен систем се од 1982 и во изминатиот период се надополнувани и корегирани, но концептот бил еден, особено во делот на домаќинствата.
– До пред 15 години имавме покомотна ситуација и имавме домашно производство, а во послендите десет години се намалува. Со измените на тарифниот систем, сакаме да испратиме сигнал до домаќинствата дека струјата мора да се штеди. Резервите на јаглен се намалуваат, во имаме и треба да го користиме во оваа криза. Од декември оваа година и првичните анализи и начинот на поделба на блоковите, колку ќе бидат блоковите, тоа ќе го презентираме во јавност и ќе покажеме дека тие што трошат коректно, ќе имаат намалени трошоци, а каде што имаме екстремни случаји, ќе имаат зголемена потрошувачка, појаснува Бислимовски.