Свет

Авионот на Трамп за влакно избегнал судир со патнички авион 

Авионот на американскиот претседател „Air Force One“ бил вмешан во драматична ситуација во воздухот со патнички авион додека во вторникот вечерта го превезувал претседателот на САД Доналд Трамп кон Велика Британија.

Според пишувањата на Дејли Мејл, повикувајќи се на извештаи на CBS и на „Блумберг“, контролор на летање морал итно да интервенира кога забележал дека патеката на авион на компанијата „Spirit Airlines“ се приближува до претседателскиот авион над Лонг Ајленд.

Летот „Spirit Airlines 1300“ патувал од Форт Лодердејл кон Бостон кога контролорот забележал дека двата авиони летаат на слична висина и на приближни патеки над Њујорк. Во аудиоснимка објавена на социјалните мрежи се слуша како контролорот повеќепати им наредува на пилотите на авионот „Spirit Airbus SE A321“ да ја променат насоката, со сè погласен тон поради нивната бавна реакција.

„Свртете веднаш 20 степени надесно“, наредува гласот на контролорот, додавајќи: „Сообраќајот е лево од вашето крило на околу осум милји. Сигурен сум дека гледате кој е – внимавајте на него, бел е и син“.

Како што станувал сè понервозен, контролорот дури им рекол: „Морам двапати да зборувам со вас за секоја наредба… обрнете внимание… спуштете го тој iPad“, пред повторно да ја издаде истата наредба.

Според прелиминарните податоци од Flight Radar, двата авиони се приближиле на околу 17 километри еден од друг на конвергентни патеки.

Доналд Трамп безбедно слета во Лондон и ја започна својата втора официјална посета на Велика Британија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons