Егоров го освои петтото место на Светското првенство во Загреб
Македонскиот борач, Владимир Егоров заврши како петти на Светското првенство во борење кое се одржува во Загреб, Хрватска.
Претходно Егоров со 10-0 во репесажот го победи Гарет Остин Сандерс од Канада и дојде до позиција да се бори за бронза, но не успеа да освои медал.
Во мечот за бронзата, Егоров загуби од Гуломјон Абдулаев од Узбекистан со 3-1.
Фото: Боречка Федерација на Македонија