Спорт

Турција ја растури Грција и ќе се бори за злато со Германија

Турција со 94-68 ја победи Грција и се пласираше во финалето на Европското првенство во кошарка каде ќе игра против Германија која претходно беше подобра од Финска.

Турците уште од стартот на мечот покажаа дека се подобра селекција, ја добија првата четвртина со 26-16, а на полувремето веќе имаа предност од 49-31. Ги добија и преостанатите четвртини за конечна победа од 94-68.

Османи со 28 поени беше најдобар на теренот, Осман постигна 17, а Шенгун 15, во составот на Грција, Слукас даде 15 поени, Адетокумбо застана на 12, имаше и 12 скокови.

Во првото полуфинале денеска Германија со 98-86 ја совлада Финска. Шрудер постигна 26 поени, Вагнер 22.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons