Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани
Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас.
Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечаток од прст и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот влез ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите и тн.
Рокас, исто така, нагласи дека другиот систем ЕТИАС, не е ист и не треба да создава конфузија со системот за влез/излез и дека за него ќе има навремена информација за неговата имплементација.