Земјотрес ја стресе Македонија 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 13.09.2023 година во 18 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 115 km јужно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин, со Рихтерова локална магнитуда M L 2.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons