Гори во три града во Македонија
На ден 09.08.2025 година, до 12:30 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 2 се изгаснати, а 3 се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 3
• Општина Битола – с. Братиндол, гори сува трева во нива.
• Општина Прилеп – гори сува трева над касарната во Прилеп.
• Општина Валандово – гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран.
ПОД КОНТРОЛА: 2
• Општина Тетово – гори ѓубре кај железничката станица.
• Општина Ранковце – гори ниска трева и ситна шума.