Манасиевски: Венко не го разбира поимот грабеж, грабеж е кога газда Венко и газда Филипче мора да ќарат на тендер
Прашање: Како ги коментирате обвинувањата од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вчера од Штип изјави дека Договорот со Велика Британија претставува грабеж, а власта води нетранспарентна политика?
Одговор: Сметаме дека Венко не го разбира поимот грабеж. Грабеж е кога на пример фирмата која гради на клинички ќе ти изгради хациенда како што тоа му се случи на Венко. Грабеж е кога имате корона криза, а Венко како министер ќе набави кинески вакцини по двојно поскапи цени. Грабеж е кога крадените пари од Македонија заедно со вистинскиот лидер на СДС, Зоран Заев, ќе ги изнесете во Дубаи, и таму ќе ги инвестирате. Грабеж е кога на Македонците и на Албанците ќе им ветувате водовод во Тетово, а потоа ќе им изградите модуларни болници каде што живи ќе бидат запалени 14 луѓе. Грабеж е кога газда Венко и газда Филипче ќе мора да имаат некаков ќар од овие тендери. Она што не е грабеж е кога ќе склучите пакт со најмоќната држава во светот и притоа нема да продадете ниту име, ниту Устав или идентитет. Не е грабеж кога од таквото партнерство ќе извлечете пари за нови железници, за болници, за образование, нешто што е добро и за Македонците и за Албанците. Е тоа се вика одговорна и државничка политика.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ