Свет

ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Комбе со бугарски таблички разнесе контролни куќички на границата меѓу Хрватска и Унгарија (ФОТО)

Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа на граничниот премин меѓу Хрватска и Унгарија. Меѓу нив има двајца хрватски и еден унгарски полицаец.

Комбето удрило во куќички на границата меѓу Хрватска и Унгарија, при што биле повредени 3 полицајци. Инцидентот се случил на делот од автопатот Будимпешта-Загреб кај Летење, на заедничкиот постојан граничен премин за меѓународен патнички сообраќај, лоциран на унгарска територија.

Возачот на комбе со бугарски регистарски таблички удрил во контролните куќички каде се врши граничната контрола на унгарската и хрватската полиција и во патнички автомобил со унгарски национални ознаки, кој бил предмет на гранична контрола.

Хрватските полицајци биле пренесени во Жупаниската болница Чаковец, каде биле констатирани полесни повреди кај лицата. 

Целата понатамошна постапка ја презеде унгарската полиција.

📸

📸

📸

📸

📸

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons