Од вечерва до 8 мај обука на Стенковец: Ќе има истрели и движење на воени возила

Од вечерва до 8 мај 2022 на вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец” ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на Република Македонија.

За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај 2022 ќе има и активности во воздух.

„Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на Град Скопје,“ се наведува во соопштението о д Генералштабот на Армијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons