Само прашање на време е кога Мбапе ќе потпише со Реал, ПСЖ замената ќе ја бара во Милан

Новинарот Рамон Алварез де Мон вели дека само прашање на време е трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, ПСЖ замената на Французинот ќе ја бара во Милан и ќе достави понуда за Рафаел Леао.

Килијан Мбапе се очекува да биде едно од звучните имиња кои летоска ќе ја промената средината, подолго време се говори за негов трансфер во Реал Мадрид и покрај тоа што ПСЖ не се откажува и нуди неверојатно сими само да го задржи напаѓачот, па макар само на уште една или две години.

Според новинарот Рамон Алварез де Мон, само прашање на време е кога Килијан Мбапе ќе стане нов „галактико“. Тој вели дека практично се е договорено за негов трансфер во Реал Мадрид и тој заедно со семејството прават планови како да ја соопштат одлуката, дали тоа да биде известување до јавноста, објава на социјалните мрежи или пак интервју.

Во меѓувреме, Газета дело Спорт вели дека ПСЖ сака да го ангажира Рафаел Лео од Милан како замена на Килијан Мбапе и „светците“ се подготвени да платат 70 милиони евра.

Во овој момент „росонерите“ не помислуваат за продажба на Португалецот и новите газдри, Инвесткорп ќе сторат се за да го задржат напаѓачот.

Милан и Рафаел Леао подолго време се во преговори за продолжување на соработката, Малдини му нуди три пати поголема плата и 4,5 милиони евра по сезона за да стави потпис на нов договор, но играчот бара повеќе поради интересот на ПСЖ но и пресудата според која ќе треба да му исплати десетици милиони евра на поранешниот клуб Спортинг Лисабон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons