Македонија ќе игра против актуелниот светски шампион во Сарагоса
На 1 јули 2022 година најдобрата македонска машка кошаркарска репрезентација ќе играме против Шпанија, во Павиљонот „Принц Фелипе“, домот на членот на АЦБ лигата, Касадемонт Сарагоса.
Натпреварот од петтото коло од квалификациите за Светскиот Куп 2023, помеѓу селекциите на Шпанија и Македонија ќе се игра во Сарагоса.
Вака одлучи раководството на Шпанската кошаркарска федерација и ја информираше нашата федерација пред продолжението на квалификациската трка за места кои вода во наредната фаза, и на Мундобаскетот кој догодина ќе се одржи во Јапонија, Филипини и во Индонезија.
Ќе играме против топ-фаворитот во групата „Г“ моментно е второпласиран со шест бодови од три натпревари, првопласирана е Грузија со седум бодови од четири мечеви. Третопласирана е Украина со четири бодови од три натпревари, а четири бодови има и Македонија на последната четврта позиција со четири максимални порази.
Околу салата во Сарагоса, станува збор за едно модерно здание, во кое првиот кошаркарски натпревар бил одигран на 17.април, 1990 година, а има капацитет од 10.744 седишта, кои, извесно е, ќе бидат максимално пополнети, како што е впрочем и насекаде во Шпанија кога игра актуелниот светски шампион.