Зеленски му се обрати на албанскиот парламент: Затворете ги пристаништата за руските бродови 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше во денешното обраќање до парламентот на Албанија преку видеоврска таа земја да ги затвори пристаништата за руските бродови и да ги ограничи доаѓањата на руските туристи.

Зеленски додаде дека руските банки, според него, треба да се одвојат од глобалниот финансиски систем, а во меѓувреме да се затворат пристаништата за руските бродови и да се вратат туристите, пренесува Еуроњуз Албанија.

Украинскиот претседател наведе дека во Европската Унија се расправа за шести пакет санкции и дека обемот на трговија со Русија мора да биде намален, „колку и да е тоа тешко“, и дека Обединетите нации треба да ја прекинат соработката со оваа земја.

Тој во денешното обраќање до албанскиот парламент наведе дека украинската војска во зоните кои ги напуштиле руските војници наводно нашла масакрирани тела.

Додаде дека „Русите не дозволуваат да е достават храна и лекови во зоните на оружениот конфликт и дека убиваат и деца“.

Зборувајќи за ситуацијата во Мариупол, украинскиот претседател кажа дека тоа е „целосно уништен град во кој постојат само деструкција, убиства и тотален грабеж“.

Зеленски ѝ се заблагодарил на Албанија за поддршката која таа земја ѝ ја пружа на Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons