Актуелно

Влада: Замолуваме за воздржаност од објавување на непроверени информации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста 

Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.
Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста.
Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.
Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара.
Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.
Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.
Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти.
Воедно, информираме дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.
Во прилог Ви ги испраќаме броевите
      Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
      075/273-732
      075/268-736
      Турција-Анкара
      +90 5316579200
      +90 5335725684
      Турција-Истанбул
      +90 542 810 99 78
      +90 552 561 80 09
      Грција-Атина
      +30 6944190134
      +30 6947736602
      Грција-Солун
      +30 694 525 8536
      Бугарија
      +359 876123768
      +359 876112993
      +359 889210005
      Србија
      +381 601382942
      +381 601427455
      Унгарија
      +363 03037377
      Литванија-Полска
      +48 608141191
      Австрија
      +436644680520
      +436767069209
      Словенија
      +386 41 353 198
      +386 40 800 747
      Хрватска
      +385 99 524 4741
      +385 91 608 2944
      Норвешка
      +47 406 31 613
      +47 922 34 630
      Италија
      +39 3384079247
      +39 3518504187
      Полска
      +48 608 141191
      Шведска
      +46 701844605
      +46 768792019

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons