Спорт

Германска компанија ќе инвестира во фудбалскиот клуб Тиквеш 

Германска компанија ќе инвестира еден милион евра во прволигашкиот фудбалски клуб Тиквеш од Кавадарци до крајот на овој месец.

Оваа финансиска помош за ФК Тиквеш ја пренесе Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев на седница на Советот, а инвеститорот за возврат ќе добие 50% од акциите.

Останатиот дел од акциите ќе биде во сопственост на Општина Кавадарци.

Моментно Тиквеш во Првата македонска фудбалска лига се наоѓа на 10 позиција и е во борба за опстанок во елитата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons