МагазинНајново

Дождливо време низ Македонија – еве каде наврна најмногу дожд во изминатото деноноќие 

Времето деновиве се очеува да биде дождливо, со локални врнежи и појава на грмежи. 

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Куманово, 15 литри на метар квадратен, а после нив следуваат Лазарополе со 14, Маврово со 13, Крушево со 11, Крива Паланка и Тетово со 10, во Скопје и Попова Шапка наврна 8 литри… 

Времето денеска ќе биде облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, а попладне облачноста ќе се намали.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons