Спорт

Бронзени медали за Филип и Тадеј на Светскиот куп во карате во Полска

Македонската репрезентација во традиционално карате се закити со два бронзени медали на Светскиот куп 2025 кој изминатиов викенд се одржа во Краков, Полска.

Филип Недев и Тадеј Недев освоија две трети места во кати за деца на светскиот куп.

Блиску до освојување бронзен медал беа и Камелија Недев во кати кадетки и Матеј Ангеловски во кумите за јуниори кои на крај завршија на четврто место.

На Светскиот куп во Краков учествуваа повеќе од 1200 каратисти од целиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons