Несреќа во Северно Море, се судрија два големи брода
На местото се испратени спасувачки чамци и противпожарни екипи.
Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северно Море кај брегот на Источен Јоркшир, јавува Би-би-си.
Спасувачките чамци и противпожарните екипи се упатиле на местото на настанот, а спасувачката операција на крајбрежната стража се координира.
Во акција е и хеликоптер на крајбрежната стража.
Областа каде што се случил судирот е многу прометна поморска рута од пристаништата долж североисточниот брег на Британија до Холандија и Германија, соопштија извори од поморската индустрија. Тревогата за инцидентот, која сè уште трае, е издадена во 10 часот и 48 минути.