Студент од Македонија освои сребрен медал на Математичка олимпијада
Од 4 до 9 март во Корча, Албанија, се одржа 19. Математичка олимпијада за студентите од Југоисточна Европа. Од цела Македонија на оваа олимпијада учествуваше само Јан Стојановски, студент на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Тој постигна одличен резултат и успеа да освои сребрен медал.