МакедонијаНајново

Двајца малолетници завршија на Клинички со тешки повреди – сообраќајка со мопед 

Во СВР Тетово вчера во 14 часот и 20 минути било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот С.Д. од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од надележен Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons