Свет

Ватикан: Папата Франциск „добро реагира“ на болничкото лекување

Папата Франциск „добро реагира“ на лекувањето од двојно воспаление на белите дробови, а неговата општа состојба постепено се подобрува, соопшти денеска Ватикан.

Во соопштението се наведува дека папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови, пренесе АП.

Лекарите наведуваат дека папата Франциск е во стабилна состојба, без покачена температура и добро ниво на кислород во крвта, се наведува во соопштението на Ватикан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons