Внимание: Стигаат лажни пораки на Телеграм и Вибер кои бараат лични и банкарски податоци!
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека бројни корисници на мобилните апликации како Телеграм и Вибер денеска известуваат за добивање на пораки за верификација на нивните податоци, барање на податоци од дебитни картички или сим ИМЕИ броеви.
Тој апелира да се проверуваат испраќачите и никако да не се споделуваат лични информации.
„Апелирам да се проверуваат испраќачите на овие пораки и во ниеден случај да не се споделуваат лични информации и банкарски броеви (број на лична карта, трансакциска сметка, број на кредитна картичка).
Безбедноста на сите нас зависи од секој од нас!“, вели Андоновски.