Лежеше болен и неподвижен под отворено небо и на ниски температури – почина кумановскиот бездомник Сефедин Куртиши 

Сефедин Куртиши (56) бил пронајден мртов во текот на вчерашниот ден во кругот на кумановската Општа болница. Како што објави порталот сдк.мк, тој во петокот го напуштил Психијатриското одделение и, со нарушено здравје и запуштен изглед, останал под отворено небо на ниските температури.

„Во 07:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во кругот на Општа болница Куманово бил пронајден починат С.К. (56), бездомник од Куманово. По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на претпријатие за погребални услуги“, стои во извештајот на МВР.

По налог на Јавен обвинител, телото на Куртиши, сепак, е предадено на обдукција за утврдување на причините за неговата смрт, информираат од Основното јавно обвинителство во Куманово.

Куртиши беше без лични документи, ниту, пак, имаше кој да му помогне, додека институциите си префрлаа одговорност околу надлежностите за постапување во неговиот случај. Апелот на соседите и медиумскиот притисок, сепак, даде резултат, па тој беше примен на лекување во кумановската болница. Притоа му беа извадени и лични документи за остварување на правото на социјална помош во Центарот за социјални работи во Куманово.

Фото: sdk.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons