Почина Саша Поповиќ, директорот на „Гранд“
Директорот на „Гранд продукција“ Саша Поповиќ почина денеска на 69-годишна возраст по тешко боледување, соопшти „Гранд продукција“:
„Со неискажлива тага ја информираме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец“.
„Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живееше“, велат од Гранд продукција.
Саша Поповиќ бил семеен човек, сопруг и татко. Во бракот со Сузана ги одгледа Александра и Даниел, велат тие.
Неговата харизма, неуморната работа и страста кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага“. Неговото наследство ќе живее преку сите оние кои имаа привилегија да работат со него и преку сите оние чии животи ги допре. Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат објавени подоцна“, се наведува на веб-страницата на Гранд продукција.