Македонија

ФОТО: Нуркачите извадија цела покуќнина од Охридското Езеро

Во меѓународната еколошка акција за чистење на езерото,македонските и странските нуркачисе искилавија од вадење на столици, маси, делови од удобни лежалки кои послани на дното на Охридското езеро, беа доволни да се направи подводен ресторан.

Нуркачите кои го познаваат Охридско како дланката на својата рака, чистејќи го езерото од цврст отпад кои нашите несовесни сограѓани го фрлаат, од вода извадија и делови од покуќнина, апарати за домаќинство, се што е потребно за опремување на простории за дневен престој или бања.

Се извадија 3 потонати кајчиња, велосипед и гуми, а нуркачите го собраа и инвентарот кој од кафетериите вдолж крајбрежјето завршил во вода.

Природата ни го дала најголемото богатство, езеро со чиста вода каква што нема никаде во светот, велат нуркачите кои упатија апел пред се’ до охриѓани, со своето совесно однесување да ја покажат љубовта и грижа за Охридското езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons