Македонија

Мицкоски на средба со Вархеј: Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, остварија средба со Комесарот на Европската комисија за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеј.

На средбата претседателот Мицкоски истакна дека Македонија има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите на Македонија со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од било која страна. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност.

На средбата се разговараше за актуелната политичка-економска состојба во земјата како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons