Големата температурна инверзија ќе ја имаме и викендов во Македонија!
Метео анализа на Славчо Попоски:
За време на овој викенд, во нашата Македонија големата температурна инверзија ќе продолжи, односно, котлините ќе бидат многу поладни за разлика од повисоките места, планините и Скијачките центри, и со густа магла и ниска облачност.
Густата магла во текот на овој викенд ќе ја има секако и во Скопската котлина, па така и во Скопската котлина останува поладно и со пониска дневна температура за разлика од останатите делови од Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително повисоки и натпросечни за овој период од годината, и на многу места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува дасе искачат до, па и за некој степен над 15 степени. Како што погоре напоменав, котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот и Повардарскиот регион ќе бидат многу поладни и со густа магла и ниска облачност, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина.
Токму ова ќе придонесе за понатамошно топење на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.
Токму ова е поради влијанието на Антициклонот, односно, полето на висок воздушен притисок кој се наоѓа над нашите краеви од Европскиот Континент, влагата е многу голема во воздухот, имаме претежно тивко време, па токму ова придонесува да имаме густа магла и ниска облачност во многу готлини низ Македонија.