МакедонијаНајново

ПОВТОРНО ПОСКАПУВАЊЕ КАЈ ГОРИВАТА: Ова се новите цени! 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 20.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98,како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит и ќе изнесува 84,50 ден/лит.

Од 22.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95                             81,50             (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС – 98                            83,50            (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       84,50             (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        82,50            (денари/литар)

Мазут М-1 НС        51,599 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините  за 0,086%, кај дизелот има зголемување за 0,807%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,890% и кај мазутот зголемувањето е за 0,031%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,065%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons