Македонија

Тошковски потврди дека и екс премиер на Македонија е дел од истрагата за Државна Лотарија 

Утринава во Скопје се преземени повеќе дејствија на повеќе локации и е постапено по претходно поднесена кривична пријава од страна на Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„При претресите кај еден од осомничените се пронајдени парични средства од околу 40.000 евра, кај втор околу 20.000 евра а две од опфатените лица не се достапни“ рече Тошковски.

Тој кажа дека овој случај се уште е во рана фаза и дека наскоро ќе има нови детали.

Претходно, неколку медиуми наведоа дека покрај првиот вицепремиер Артан Груби, во случајот со државна Лотарија, опфатен е и екс премиерот Димитар Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons