ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Девојчињата се пронајдени

Според неофицијални информации кои се шират на социјалните мрежи, двете девојчиња по кои се трагаше се пронајдени и се на сигурно.

Исплашени, но тука се, пронајдени и во моментов се наоѓаат во полициска станица Беко со најблиските.

Девојчињата Антонија и Радмила дошле во Скопје на еднодневна екскурзија и посета на Саемот на книга и Зоолошката градина. Имале пауза да прошетаат и во договореното време да се вратат кај автобусите. Засега нема повеќе информации за тоа како се изгубиле ученичките и каде биле во тие 7-8 часа додека сите ги бараа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons