МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: ЈО, Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас 6 месеци не мрднаа со прст, затоа довербата во правосудството е 2%

Почитувани,

Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст.

6 месеци Љупчо Коцевски не отвори ниту еден случај, а обвинителите бирани во Струмица и Зајас кои чудно се разболуваат кога треба да постапуваат наместо да ги суспендира, тој ги брани.

6 месеци ЈО ја опструира правдата. Обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин како да ескивираат.

Обвинителите бирани во Струмица и Зајас, на кои им се влошува здравјето кога ќе треба да гонат криминал, се причина зошто довербата на граѓаните во правосудството е 2%. 

Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО е директно одговорен за неработата на ЈО и очигледниот заштитнички однос на одредени обвинители кон криминалците дел од поранешната власт.

Го повикуваме Републичкиот јавен обвинител во најбрз можен рок да почне со постапување по закон.

Граѓаните очекуваат правда, и владеење на правото, а не изговори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons